Урнебесно: Со електричен велосипед го рамни теренот за тенис во Задар (ФОТО+ВИДЕО)

Хрватска и САД во Задар го играат мечот од Дејвис-купот во тенис, но мечевите на земјениот терен се најдоа во центарот на вниманието поради урнебесниот начин, како да се израмни тој терен пред мечот.

Дејвис Куп на својот интернет-профил објави како организаторите со електични велосипеди го чистат и рамнат теренот пред стартот на мечевите, што наиде на смеа, но и на воодушевување од снаодливоста на домаќинот.

Веројатно на задраните им е потешко да ги влечат мрежите за рамнење, па на овој начин ем побрзо, ем поинтересно ја завршија работата.