Тенисерка отвори „Онли фенс“, па објави дека се разведува од сопругот!

Австралиската тенисерка Арина Родинова е во центар на внимание поради случувањата надвор од терените, односно нејзиниот профил на платформата за возрасни „Онли Фенс“.

Арина беше девет години во брак со Тие Викери, но на Инстаграм објави видео во кое соопшти дека ќе се разделат, и тоа откако неодамна направи профил на „Онли Фенс“.

Во моментов таа се наоѓа на 97. место на ВТА-листата, а реши да продава содржина за возрасни со цел да ја зголеми заработката.