Суспензијата на Синер им дава шанса на Зверев и Алкараз да го преземат врвот!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ќе паузира три месеци поради суспензија за допинг, а во периодот ќе пропушти неколку турнири и ќе загуби 1.920 бодови, со што ќе има 9.410 поени по враќањето на теренот.

Најблиску до него е Александер Зверев, кој во моментов има 8.135 бодови и ќе има можност во следните месеци да му се приближи, но и да го помине на првата позиција на АТП-листата.

Зад нив во моментов е Карлос Алкараз, кој има 7.410 поени, но ќе има потешка задача да го стигне италијанскиот тенисер на врвот.