Судијата објасни зошто го исклучи Белингам: Ми рече „е*и се!“

Навивачите на Реал, како и мадридските медиуми, се гневни на судењето и на денешниот натпревар против Осасуна во Памплона кој заврши нерешено и повторно ја разгоре борбата за шампионската титула.

Еден од клучните моменти беше исклучувањето на Џуд Белингам во 39. минута, на општо изненадување на сите кои го следеа мечот бидејќи Англичанецот доби директен црвен картон во период кога играта беше прекината. Тоа ги збуни фудбалерите на Реал, па капитенот Лука Модриќ побара објаснување од главниот судија Хозе Мунуера Монтера, а овој му објасни.

„Ми рече 'е*и се'“, кажа Монтера додека хрватскиот ас се обидуваше да го демантира и тврдеше дека Белингам не рекол такво нешто.

Сепак, главниот судија остана на својот став и го испрати Белингам во соблекувална, а во второто полувреме Осасуна израмни и му откина два бода на Реал.