Пак тензија во Работнички: Сити Парк Бојс им се заканија на играчите

Навивачката група на Работнички, Сити Парк Бојс жестоко ги нападна играчите по дебаклот што го доживеаја на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Работнички загуби од МЗТ Скопје во четвртфиналето со 34 разлика што е еден најубедливите порази на тимот од Градски парк во меѓусебните дуели со својот најголем ривал. Тоа не им се допадна на Сити Парк Бојс кои се заканија дека ќе има проблем на следниот меч на домашен терен.

„Проблем не е поразот, проблемот сте вие! По една недела пауза не чека наредно коло против екипата на Тиквеш, каде ќе го истуриме целиот гнев кон сите кој ветуваат резултат а испорачуваат срам.

Мобилизација на секоја генерација, на секој кој некогаш се израдувал на успехот на овој клуб. НИЕ СМЕ РАБОТНИЧКИ А НЕ ТИЕ НА ТЕРЕН!“, објавија Сити Парк Бојс.

Работнички ќе му биде домаќин на Тиквеш на почетокот на март, но уште не се знае во која сала ќе се игра тој меч затоа што 15-кратниот шампион веќе четири години е кираџија.