Србљак по голема борба елиминиран во првото коло во Анталија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак беше поразен со 1-2 во сетови (7-6, 3-6 и 1-6) од Стијн Слумп во првото коло на главниот турнир во Анталија.

Србљак водеше голема битка против Слумп во првиот сет кој го освои во тај-брејк со 10-8, но во следниот сет му дозволи на ривалот од Холандија да направи брејк и да слави со 6-3.

Македонецот во третиот сет никако не можеше да фати ритам и се забележа дека е изморен по трите победи во квалификациите, а тоа го искористи Слумп и славеше со 6-1.