
Синер е суспендиран речиси два месеца, а сепак е најдобар во 2025 година
На АТП трката, во која се сметаат само резултатите од 1 јануари, а не една година наназад како на АТП листата, Италијанецот ќе остане прв без оглед на епилогот од Мастерсот во Мајами кој е пред својата завршница. Главна причина за ова е фактот што во отсуство на Синер кој е суспендиран од 9 февруари, а не играл од крајот на јануари, ниеден друг тенисер не успеа да се наметне или да доминира.
Италијанскиот тенисер го освои единствениот Гренд слем, во Мелбурн, на Индијан Велс славеше Џек Дрејпер, а за титулата во Мајами, во конкуренција се Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Тејлор Фриц и Јакуб Меншик и ниеден од нив не може да го помине Синер. На турнирите од серијата 500 славеа: Шаповалов (Далас), Алкараз (Ротердам), Рубљов (Доха), Баес (Рио де Жанеиро), Циципас (Дубаи), а само Оже-Алијасим освои две титули, но не многу битни, во Аделејд и Монпеље. Интересно е тоа што Александер Зверев, кој е на второто место и во АТП трката и на АТП листата, досега одигра дури седум турнири, а сепак има 335 бода помалку од Синер.
Ваквиот развој на настаните му овозможува на првиот светски рекет да остане на врвот најмалку уште еден месец, а нема да биде изненадување на чело биде и при своето враќање, предвидено за средината на мај, на Мастерсот во Рим.