Перез не штедел: Секој фудбалер на Реал бил богато награден за трофејот во ЛШ

Шпанска „Марка“ го откри износот на премјата која била исплатена на секој првотимец на Реал Мадрид за освојувањето на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид со победата против Борусија Дортмунд по 15-ти пат во својата историја ја освои Лигата на шампионите, а фудбалерите добиле богати награди.

„Флорентино Перез на секој фудбалер посебно му исплатил сума од 900.000 евра. Вкупно минатата сезона за сите освоени трофеи на фудбалерите и тренерите им бил исплатен бонус од 40 милиони евра“, пишува „Марка“.

„Кралевите“ покрај Лигата на шампионите минатата сезона ги освоија титулите во Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.

Богати биле премиите и оваа сезона и секој фудбалер во Реал добил по 250.000 евра како награда за елиминацијата на градскиот ривал Атлетико во осминафиналето. Во четвртфиналето избраниците на Анчелоти ги чека Арсенал.

Во актуелната сезона Реал е во игра за сите три трофеи, Лигата на шампионите, Ла Лига и Копа дел Реј, па во случај на успех не е исклучено бонусите да бидат и поголеми.