Шелтон немоќен, Синер ќе ја брани титулата во финалето во Мелбурн (ВИДЕО)

Второто полуфинале на Австралија Опен не донесе изненадување и место во финалето обезбеди Италијанецот Јаник Синер кој со 3-0 во сетови беше подобар од Американецот Бен Шелтон.

Шелтон му парираше на првиот светски рекет само во првиот сет во кој се играше тај-брејк, додека во следните два не успеа да го задржи истото ниво на игра.
Имаше во првиот сет Шелтон и две сет топки, а кога не ги искористи стигна казната. Синер тај-брејкот го доби со 7-2.

Во вториот сет Синер отвори со 4-0, следуваа два гема кои му припаднаа на Шелтон, но потоа Италијанецот освои уште два гема за 6-2 и 2-0 во сетови. Слична слика гледавме и во третиот гем, па така Шелтон мораше да се помири со поразот.

Синер во финалето ќе ја брани титулата која ја освои минатата година тука, а ова ќе биде негово само трето грен-слем финале во кариерата.