Размена на повидок: Гарначо во Челси, а Нкунку во Манчестер јунајтед

Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед во следните денови би можеле да направат размена меѓу фудбалери, а во зделката се вклучени Кристофер Нкунку и Алехандро Гарначо.

Гарначо веќе некое време е на радарот на Челси, кој почна преговори со „ѓаволите“ за негов ангажман, а во меѓувреме гигантот од „Олд Трафорд“ се распрашувал за услугите на Нкунку.

Аргентинецот претходно се поврзуваше и со Наполи, но Јунајтед побара 70 милиони евра и тоа е премногу за калчолигашот, па поверојатна опција е Челси кој има потреба од ново крило.

Нкунку, од друга страна, не добива голема минутажа кај тренерот Енцо Мареска и поради тоа би можел да се пресели во Манчестер.