Надал ќе го пропушти Вимблдон!?

Рафаел Надал во неделата го освои 11. трофеј на Ролан Гарос, а вели дека најпрво мора да види како ќе реагира неговото тело на промената на подлогата, па ќе знае дали ќе игра на Вимблдон.

Надал би можел да направи сличен потег како Роџер Федерер, кој годинава ја избегна сезоната на земја, за да се подготови за Вимблдон, каде што ќе проба да ја освои својата деветта титула.

„Тешко ми е во моментов да размислувам за Вимблдон. Сезоната на земја беше долга и тешко ми падна на психички дел. Одиграв многу натпревари и исцрпен сум“, објаснува Шпанецот.

Шпанецот се пријави на турнирот во Квинс, кој се игра наредната недела, но не е сигурен дали ќе може да настапи на тој турнир.

„Би сакал секаде да играм, но морам прво да видам како се чувствувам. Голема промена е кога ќе преминете од земја на трева. Претходно тоа го правев лесно, но тогаш бев помлад и побрз“, вели Надал.