
Ништо од договорот: Надал се премисли - нема да го тренира Зверев!
„Билд“ пишува дека Шпанецот се премислил и не сака да соработува со Германецот, а како причина ги навел неговите активности во академијата на Мајорка.
Зверев следната недела ќе настапи на мастерсот во Торонто, каде што ќе биде прв носител и ќе има голема шанса да стигне до посакувана титула, но и нови бодови на АТП-листата.