
Тренерот на Лозана бил (пре)многу изненаден од – сопствените фудбалери!
Германскиот стратег оцени дека неговиот тим одиграл под своето ниво и притоа ја нагласи важноста на реваншот за да се поправи впечатокот.
„Овој натпревар ни донесе бројни потешкотии. Атмосферата на трибините беше навистина бучна, а нашите играчи изгледаа нервозно од првата до последната минута. Иако направивме неколку тактички измени, не успеавме да воспоставиме контрола на играта. Особено сум незадоволен од нашата одбранбена линија и вкупниот пристап“, истакна Цајдлер.
Тој додаде дека резултатот е само прво полувреме од двомечот и дека во наредните денови тимот ќе работи интензивно за да покаже поинакво лице на домашен терен.
„Вардар не нѐ изненади со играта, туку ние самите си направивме проблеми. Ме изненадија сопствените фудбалери. Очекувам многу подобра игра во реваншот“, заклучи тренерот.
Победникот од овој двомеч во следната фаза од квалификациите ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан), чии прв натпревар заврши без победник – 1-1.