
Уапсени навивачи на Нови Пазар кои тепале Полјак, било пронајден и пиштол!
Едно од лицата е осомничено и за недозволена продажба, држење, чување на оружје и експлозивни материјали, но за сите тројца се очекува да останат во притвор.
Насилниците во центарот на Нови Пазар физички го нападнале Полјакот, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран во Општата болница.
Полицијата при апсењето кај едно од лицата пронашла и пиштол со осум куршуми, па против него ќе биде поднесена дополнителна кривична пријава.
Да потсетиме, натпреварот во квалификациите за Конференциската лига меѓу Нови Пазар и Јагјелонија го одбележаа сериозни инциденти и на трибините.