
Пеп: Ако Артета ја освои лигата ќе биде само зашто трошеше премногу пари!
Арсенал и Ливерпул ова лето не штедеа на трансфер-пазарот, а тренерот Гвардиола даде интересен коментар.
„Тоа што можам да го кажам за мојот пријател Микел е дека ако ја освои Премиер лигата тоа е зашто трошел премногу пари, а не зошто е толку добар“, кажа иронично Пеп.
Гвардиола, исто така, е познат како тренер кој трошел најмногу пари во минатото, па досега надмина една милијарда откако го води премиерлигашот.