Српски кошаркарски џин кариерата ќе ја продолжи во – фудбалски третолигаш!

Српскиот третолигаш, Жељезничар Инѓија, го направи еден од најневообичаените трансфери во српскиот фудбал – потпиша договор со поранешниот кошаркарски репрезентативец, Мирослав Радуљица, кој официјално стана член на тимот и ќе игра со дресот број 21.

Радулица веќе е регистриран и ќе има право настап од 7. коло во Српската лига – Војводина, кога Жељезничар на домашен терен ќе ја пречека Слога од Чонопља. По потпишувањето, Радулица изјави дека е среќен што ќе продолжи спортска кариера во фудбал и дека главна цел му е да му помогне на клубот да се пласира во Првата лига на Србија.

„Се договоривме брзо и се радувам на првиот фудбалски тренинг“, нагласи поранешниот кошаркарски ас.

Радуљица во кошаркарската кариера играше за Партизан, Црвена звезда, Анадолу Ефес, Алба, Панатинаикос и Олимпија Милано, како и во НБА за Милвоки и Минесота. Со Србија освои сребро на Олимписките игри во Рио, на СП 2014 во Шпанија и на ЕП 2009 во Полска.