Албанските фудбалери добија забрана за давање изјави пред „војната“ со Србија!

Фудбалскиот сојуз на Албанија им забранил на репрезентативците да даваат било какви изјави пред октомврискиот квалификациски дуел против Србија во Лесковац.

Одлуката е донесена со цел да се избегне дополнително вжештување на атмосферата поради политичките тензии меѓу двете земји. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Дубочица“ и се очекува да привлече големо внимание, не само поради спортскиот аспект, туку и поради чувствителниот контекст. Албанските медиуми потсетуваат дека фудбалерите често знаат да дадат патриотски изјави кои може да се протолкуваат како провокација, па затоа сојузот решил да превенира можни инциденти.

Србија и Албанија, инаку, заеднички ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година.