
„Задоволен сум, но има голем простор за напредок - треба да нè красат енергијата и младоста“
Илиевски посочи дека резултатот е позитивен, меѓутоа пред кошаркарите престои уште многу работа.
„Резултатот е позитивен, но неблагодарно е сега да кажеме дека сме на одличен пат во однос на она кое следи. Но, затоа на одличен пат сме кон она што се бара од играчите, а тоа е да дадат максимум. Сите кои влегоа во игра дадоа максимум, се гледа и неискуството на одредени играчи што се рефлектираше со голем број загубени топки, но како прв за меч и краток период заеднички подготовки, може да кажам дека сум задоволен од целиот период соработка со играчите. Игравме против екипа која три години е заедно со истиот тренер. Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста“, беа зборовите на селекторот.