„Спиеме една врз друга, во соби без тоалети - водата ни е ограничена, а храната ужасна!“ (ВИДЕО)

Повредите и скршениците добиено поради прегазување или падови на тренинзите и трките, лошо испланиранота логистика и одење и по повеќе од километар пешки до борилиштата на скопскиот пекол, не се ништо во однос на хорор-сведоштвата на дел од учесниците на Европскиот младински олимписки фестива (ЕМОФ) во Скопје и Куманово.

Телевизија Телма разговараше со дел од натпреварувач(к)и и нивните тренери, кои открија стравични детали за тоа каде се сместени, какви ограничувања за вода имаат и што јадат.

„Спиеме по две на еден кревет, дури и тренерите се со нас во соба, која нема тоалет ниту кујна. Вода има само во заедничката кујна, а и тоа ни ја огрганичуваат на две мали шишиња иако надвор е пекол. Клими нема, па така е ептен жешко. Храната е лоша, порциите мали, особено за спортисти кои се во натпреварувачки ритам. реагиравме кај организаторот, ама од таму ни рекоа дека не можат ништо да променат“, велат дел од соговорниците на Телма.

Целиот прилог погледнете го во видеото во текстот.