Роналдо и по лошо ќе ја памети 2025 – во неа прекина магична серија долга 16 години!

Без разлика што лани со репрезентацијата на Португалија ја освои Лигата на нации, Кристијано Роналдо и по лошо ќе ја памети 2025 година, односно по прекинување еден редок статистички податок во својата богата кариера.

Тој за првпат по веќе далечната 2009 година во текот на една календарска година не постигна ниту еден хет-трик. Легендарниот напаѓач, кој наскоро ќе наполни 41 година, досега има одиграно вкупно 66 натпревари на кои постигнал три или повеќе голови. Серијата започна во јануари 2008 година, кога како фудбалер на Манчестер Јунајтед постигна три гола против Њукасл, а неколку месеци подоцна истото го повтори и во дресот на Реал Мадрид против Мајорка. Со тоа започна континуитет кој траеше цели 15 години, бидејќи од 2009 до 2024 година Роналдо барем еднаш годишно бележеше хет-трик.

Најуспешна во тој поглед беше 2011 година, кога дури девет пати постигна по три гола на ист натпревар. Континуитетот, сепак, беше прекинат во 2025 година. Кога станува збор за настапите за националниот тим, првиот хет-трик за Португалија го постигна во септември 2013 година, во квалификациите за Светското првенство против Северна Ирска. За репрезентацијата има вкупно десет вакви учиноци, а последниот датира од октомври 2021 година против Луксембург.

Последниот натпревар на кој Роналдо постигна најмалку три гола беше во мај 2024 година, кога неговиот Ал Наср убедливо го совлада Ал Вехда (6-0).

ФОТО: EPA PHOTO