
Охрид ги „запали моторите“, ќе одигра најмалку седум дуели пред стартот на сезоната!
Охриѓани почнуваат со подготовки на домашен терен, по што ќе учествува на „Струшкиот турнир“ од 13 до 16 август и ќе одигра три натпревари, по што следи Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ каде ќе се играат уште четири меча.
Екипата на Охрид, исто така, планира да се судри и со Алкалоид, односно да закаже еден или два меча пред почетокот на македонската машка суперлига.
„Во ЕХФ Европскиот Куп сме носители и имавме ‘лесен противник’ кој фокусирано треба да се одработи, па чекор по чекор со мала среќа во ждребот барем да ја ‘презимиме’ Европа и да ја полниме СРЦ Билјанини Извори и во февруари. Посакувам сите играчи пред се да се здрави, а со нивниот квалитет позитивните резултати ќе дојдат. Со одличнитот стручен штаб на чело со нашиот тренер Ројевиќ и со поддршката на нашата верна публика мислам дека често ќе се радуваме во оваа сезона“, изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.