
Ристовски и Елези со победа дебитираа во новиот тим, а Алиоски само со – реми!
Ристовски како стартер одигра повеќе од солиден меч, а беше заменет на дваесетина минути пред крајот, додека Елези во игра влезе од клупата, добивајќи ги последните половина час од овој натпревар. Босанскиот тим постигна по еден гол во секои од првите десет минути, додека гостите изедначија непосредно пред влегувањето во игра на Македонецот.
Прв официјален меч по враќањето во поранешниот тим Лугано одигра и нивниот репрезентативен колега, Езџан Алиоски, кој, сепак, не можеше да се пофали со успешно „деби“. Неговиот состав ремизира во првиот меч од втората рунда во Лига Европа одигран на домашен терен против Клуж (0-0). Македонскиот фудбалер ги одигра сите 90 минути.
Победнички настап во Конференциската лига имаше и Давцид Трапановски, чиј Данди Јунајтед минимално на домашен терен го совлада тимот на УНА Страсен од Луксембург (1-0). И тој беше заменет речиси во иста минута како и Ристовски (71.).
ФОТО: Sport1.ba / Sanel Konjhodzic