Босанчиќ: Ова е само прво полувреме, ама верувам дека ќе ја поминеме Лозана!

Фудбалерот од средниот ред на Вардар, Немања Босанчиќ вели дека Лозана останува фаворит во пресметката со македонскиот тим, но верува дека може да се стигне до третото квалификациско коло.

Вардар ја доби првата пресметка со Лозана, еден од најдобрите на теренот беше Немања Босанчиќ кој храбро се бореше во средината на теренот против гостинските фудбалери. Тој е среќен поради победата и верува дека во радост и на реваншот во Швајцарија.

„Ова беше еден диманичен натпревар. Се подготвувавме за еден ваков дуел. Одигравме добар натпревар и заслужено победивме. Има некои работи кои треба да ги исправиме. И понатаму тие се фавирити, но веруваме дека можеме да ги поминеме. Ова е само прво полувреме, имаме уште 90 минути. Верувам во нас“, рече Босанчиќ на прес-конференцијата по мечот.