
Куманово извиси: МЗТ и ТФТ остануваат единствени македонски тимови во АБА2!
Актуелниот првак од Аеродром од вториот барабан ќе ја преча ждрепката за противниците во регуларниот дел од сезоната, додека вицешампионатот е во последниот четврти барабан. Новиот систем во АБА2 ќе биде налик на тој во фудбалската Лига на шампионите, односно секоја од екипите ќе игра против осум различни ривали, по четири дома и со исто толку на гости. МЗТ Скопје и ТФТ ќе добијат по два противника од секој од четирите барабани, а според правилата нема да смеат да се сретнам помеѓу себе во оваа фаза од лигата.
Сите тимови ќе се бодуваат на иста табела, а по одигрувањето на осум кола ќе бидат одредени учесниците во четврт-финалето од плејофот. Осумте најдобри ќе го почнат настапот во плејофот и тоа во серии „подобар од три“ до самиот крај односно до прогласување на победникот. Натпреварите во АБА2 ќе се играат во вторник или среда, со цел да не се совпаѓаат со пресметките во националните првенства.