
Хаос во Атина: Грчката полиција апси навивачи на АЕК поради – палестински знамиња!
Тие сакале да изразат револт поради, како што се наведува, „геноцидот што го спроведува Израел врз Палестинците“, а како протест понесоа палестински знамиња кон стадионот. Одговорот на грчката полиција беше неочекуван – започнаа да ги ставаат во полициските комбиња. Овој потег на властите предизвика бес кај навивачите на АЕК, кои жестоко реагираше на социјалните мрежи. Навивачите порачаа дека апсењата нема да ги спречат во намерата јавно да го изразат својот став.
Натпреварот меѓу АЕК и Хапоел Беер Шева се игра вечерва во Атина, во рамките на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.