
Струга дополнително ја засили одбраната со – француски централен дефанзивец!
Тој игра на позицијата централен бек, и пристигнува од редовите на францускиот третолигаш Париз 13 Атлетико, а претходно има настапувано и за неколку екипи од пониските лиги во својата татковина.
Со ова засилување, стружани го продолжуваат оформувањето на тимот за новата натпреварувачка сезона, во која повторно ќе бркаат пласман во европските квалификации – амбиција што е врвен приоритет за клубот.