
Ерупција на Градски: Мато ја скина мрежата за водство на Вардар против Лозана (ВИДЕО)
Стрелец беше Роџерс Мато (Уганда), кој од неколку метри буквално ја скина мрежата на противничкиот гол, откако одлично се снајде по одбиената топка од голманот на гостите, кој го одбрани претходниот одличен удар на Тодоровски. За него ова е трет европски гол летово, со оглед што стрелаше по еднаш во двата меча со Ла Фиорита.
Вардарци доминираа во првите 45 минути, постојано напаѓаа, за што доказ се шесте удари од кои три беа во рамки на противничкиот гол. Наспротив нив, Лозана само еднаш се закани и тоа со удар надвор од рамките на голот на скопјани.