
Невидена ситуација: Гоф сервираше додека противничката беше на клупа! (ВИДЕО)
Гоф победи со 7-6, 4-6 и 7-6, но она што стана вирално од мечот е еден необичен нејзин сервис.
Женг тргна кон клупата за да го смени рекетот, Гоф тоа не го примети и сервираше на празна половина од теренот.
Публиката почна гласно да се смее, а Гоф изреагира откако сфати што направи.
Нормално, поенот се повтори, но ситуацијата стана хит на интернет.