Неверојатно: Тенисер го предаде мечот при резултат 6-4, 5-4, 40:0 за противникот (ВИДЕО)

Узбекистанскиот тенисер Денис Истомин, кој се прослави по елиминацијата на Новак Ѓоковиќ на минатогодишниот Австралијан Опен, денеска е повторно во центар на внимание, но поради бизарна работа.

На турнирот во Москва неговиот противник Рикардас Беранкис имаше водство од 6-4, 5-4 и 40:0 и имаше три меч топки, но Истомин реши да се предаде поради повреда.

Сепак, ова беше навистина бизарно бидејќи истомин можеше да остане на теренот за да се одигра барем уште еден поен.