Надал лесно го реши Циципас и се пласираше во финале во Рим

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финале на Мастерсот во Рим, откако денеска славеше против Стефанос Циципас од Грција со 2-0 во сетови.

Надал го доби првиот сет со 6-3, а во вториот славеше со 6-4 и без поголеми проблеми обезбеди ново финале на земјена подлога.

Шпанецот со тоа му се одмазди на Гркот за поразот во полуфиналето во Мадрид минатата недела, откако загуби со 1-2 во сетови.

Во финалето Надал ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Диего Шварцман.