Кирјос за казната на Синер: Не губи титули, не губи пари, тажен ден за тенисот!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер доби тримесечна суспензија поради допинг, а казната не му се допадна на неговиот колега Ник Кирјос.

Синер постигнал договор со Светската анти-допинг агенција (ВАДА) да добие казна од три месеци, иако претходно се шпекулираше за суспензија од една до три години.

„ВАДА кажа дека ќе биде казнет една или две години. Тимот на Јаник направил сè во нивна моќ за да добијат суспензија од три месеци. Не изгуби титули, не изгуби пари. Виновен или не? Тажен ден за тенисот. Чесност повеќе не постои во тенисот“, напиша Кирјос.