Касаткина го зема „скалпот“ на уште една грен слем освојувачка - Венус Вилијамс

Дариа Касаткина се пласираше во големото финале на првиот сезонски мастерс турнир во Индијан Велс, каде ќе игра со Наоми Осака.

Младата 20-годишна Русинка ја елиминираше Венус Вилијамс во три сета, со 4:6, 6:4 и 7:5. Касаткина така до финалето елиминираше дури четири фаворитки кои имаат освоено грен слем трофеи почнувајќи со Слоун Стивенс, Каролин Вожњацки, Анџелик Кербер и сега Венус Вилијамс.

За 20-тата фаворитка на турнирот ова е најголем успех во кариерата, а за трофејот утре ќе се бори против Наоми Осака, која пак утринава беше подобра од првата носителка на турнирот Симона Халеп со 6:3 и 6:0.