
Калин Ивановски напредуваше 18 места и се врати на најдобриот пласман во кариерата
Тоа е награда за настапот во Јокохама каде успешно ги мина квалификациите и првото коло, а беше елиминиран од Лука Нарди во вториот круг. За тоа заработи 10 бода и направи голем прогрес на листата.
Сега тој е повторно на 305. позиција што е негов најдобар ранкинг во кариерата и на кој беше пред точно еден месец. Ивановски ја продолжува турнејата низ Јапонија и во моментов учествува на Челинџерот во Јокаичи.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пад од 19 позиции на најновата ВТА листа и сега е на 197. место.