Како во најдобрите денови: Ѓоковиќ во Мајами ќе игра за 100. титула!

Српскиот тенисер, го победи Бугаринот Григор Димитров со 2-0 во сетови и се пласираше во финалето со што ја потврди одличната форма со која игра на турнирот во Мајами каде што потсетува на најдобрите денови.

Ѓоковиќ беше апсолутно подобар од противникот и Димитров денеска немаше никави шанси, Ѓоковиќ му дозволи само два гема во првиот и три во вториот сет (6-2, 6-3).

Не изгледаше дека ќе видиме ваква доминација кога Бугаринот уште во првиот гем направи брејк и го освои сетот на Ѓоковиќ кој сепак врати веќе во наредните за 1-1.

Брејкот за водство Новак го направи во шестиот гем за 4-2, а потоа до уште еден дојде веќе во наредниот сервис на Димитров во осмиот гем.

Во вториот сет Ѓоковиќ продолжи со добрата игра и поведе со 3-0, по што Димитров немаше сили да се врати во мечот. Ѓоковиќ во финалето ќе се обиде да дојде до својата јубилејна 100-та АТП титула.