Ивановски по голема борба со Биелински обезбеди четвртфинале во Опатија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба против шестиот носител Вјачеслав Биелински славеше со 2-1 во сетови, односно 7-6, 5-7 и 7-6 за пласман во четвртфинале на фјучерсот во Опатија.

Двајцата тенисери водеа жестока битка на теренот во првиот сет, кој беше решен во тај-брејк во корист на Ивановслки со 7-3. Биелински возврати во следниот сет и направи брејк во 11. гем за потоа да сервира за 7-5.

Ивановски му парираше на Биелински, кој пропушти неколку брејк-шанси, а потоа и две топки за победа на свој сервис, по што во тај-брејкот славеше со 7-4 на поени.

Ивановски во четвртфинале ќе игра против вториот носител на турнирот, Зденек Колар.