
Голема победа на Ивановски, го исфрли вториот носител за полуфинале во Опатија!
Ивановски првиот сет го доби со 6-3, а во вториот се играше тајбрејк кој му припадна на Македонецот со 7-4.
Во полуфиналето Ивановски ќе игра против уште еден тенисер од Чешка, Михаел Врбенски кој е трет носител на турнирот.