Меншик со порака до Ѓоковиќ: Поради тебе почнав да играм тенис!

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик славеше во финалето на мастерсот во Мајами против Новак Ѓоковиќ со 7-6 и 7-6.

Меншик ја оствари најголемата победа во својата кариера, по што имаше порака за Новак Ѓоковиќ, кој го смета за најдобриот тенисер во историјата.

„Ти си причината поради која сум тука. Те гледав додека растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Не постои потешка задача од тенисер да те победи тебе во финале на турнир. Ти благодарам за сè што направи за овој спорт. Ти си најдобриот тенисер во историјата“, кажа Меншик.