„Го прифатив договорот со ВАДА, овој случај ме мачеше цела година“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер постигна договор со Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поради користење недозволена супстанција клостебол, по што му беше изречена суспензија од три месеци.

Синер се согласи на предлогот на ВАДА затоа што најверојатно се плашел дека може да добие повисока казна на Судот за спортска арбитража.

„Цел случај ме мачеше една година, е просецот можеше да трае уште повеќе. Секогаш прифаќав одговорност за својот тим и ги разбирам строгите правила на ВАДА. Поради тоа, го прифатив предлогот за да го решиме случајот со тримесечна суспензија“, кажа Синер.