Ѓорческа ќе игра за титула, обезбеди финале во Србија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра за титула на ИТФ турнирот во Куршумлиска Бања откако со победата од 2-1 (6-2, 6-2, 6-4) во сетови за два часа и 23 минути против Русинката, Дарја Асткова се пласираше во финалето.

Добро тргна Ѓорческа и уште во првиот гем го освои сервисот на противничката, но веќе во наредниот Асткова возврати за израмнување во сетови.Во продолжение од сетот, Ѓорческа не беше сигурна на свој сервис и го изгуби уште двапати во четвртиот и осмиот гем со што Русинката поведе 1-0. Но, по изгубениот прв сет, Ѓорческа заигра подобро и го освои вториот исто така со 6-2 за израмнување на 1-1.

И третиот сет започна со брејк за Ѓорческа, меѓутоа идентично како и во првиот противничката веднаш возврати. Како клучен се покажа седмиот гем кога Ѓорческа стигна до вториот брејк во овој сет кој беше доволен за освојување на сетот со 6-4 и конечна победа.

Во финалето Ѓорческа ќе ја чека подобрата од мечот помеѓу првата носителка на турнирот, Романката Булгару и Бугарката Глушкова. Ѓорческа овој ИТФ турнир го започна како седма носителка.