
Ѓорческа елиминирана во второто коло од турнирот во Загреб
Откако вчера беше подобра од Сербан од Кипар, Ѓорческа денеска загуби од Селена Јаничијевиќ од Франција во два сета (3-6, 3-6) за 81 минута игра. Французинката, која е осма носителка на турнирот, ги искористи грешките на нашата тенисерка и го продолжува патот кон завршницата.
Двата сета имаа слично сценарио, почнаа со два брејка, по еден на двете страни, а потоа Јаничијевиќ доминираше. Во првиот сет направи брејк во четвртиот гем за предност од 3-1 која ја задржа до крајот, а во вториот Ѓорческа водеше со 3-2 по што противничката освои четири гема во низа и го заклучи мечот.
За пласманот во второто коло на турнирот, Ѓорческа заработи 11 бода и привремено направи скок од 11 места на ВТА листата, но тоа може да се промени до крајот на оваа недела.