Ѓоковиќ уште еднаш покажа како треба: Не заборава на фановите и кога е на одмор (ВИДЕО)

По престојот во Црна Гора, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи својот одмор да го продолжи во Грција на познатиот остров, Миконос каде што нормално не помина незбележан од фановите.

Ѓоковиќ ги полни батериите за предизвиците кои го очекуваат прво Синсинати од 7 август, а потоа и Ју-Ес Опен кој стартува на 24 август.

Сепак, без разлика што е на одмор, Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека секогаш има време за фановите и ги почитува, па без никакви проблеми се фотографираше и делеше автограми низ уличките на грчкиот остров.