Ѓоковиќ урна рекорд на Агаси на Австралијан опен (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори финале на Австралијан опен, каде што ќе се обиде да ја освои 10. титула, а притоа урна рекорд на легендарниот Андре Агаси.

Агаси имаше 26 победи по ред на Австралијан опен од 2000 до 2004 година, но Ѓоковиќ до триумфот над Томи Пол стигна до 27 триумфи.

Ѓоковиќ в недела ќе игра против Стефанос Циципас за нова гренслем-титула.