Ѓоковиќ со порака до Зверев: Сакам ти да го освоиш турнирот!

Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналниот меч на Австралијан опен против Александер Зверев, откако не можеше да ги издржи болките по повредата на претходниот дуел со Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ неколку часа по натпреварот објави порака на Инстаграм, во која посака Зверев да стигне до пехарот на турнирот во Мелбурн.

„Се обидов да се рехабилитирам навреме, но можев да играм само досега. Имам позитивни спомени од Австралијан опен. Им благодарам на организаторите за сè. Му честитам на Саша за уште едно финале. Сакам ти да го освоиш турнирот, затоа што заслужи пријателе“, напиша Ѓоковиќ.