Ѓоковиќ се врати во топ-10 на светот, Серена скокна 153 позиции

Финалето на Вимблдон донесе многу поместувања и во машкиот и во женскиот светски тенис, особено за финалистите и за освојувачите.

Новак Ѓоковиќ се врати во топ-10 на светот првпат во 2018 година. Последно таму беше во октомври 2017, но бидејќи беше повреден и отсутен од јули до јануари, па потоа уште еден месец, падна до 22. позиција на АТП-листата.

Сега со освојувањето на Вимблдон доби нови 1640 поени и се замеша во првата десетка, со големи шанси да напредува и понатаму. Минатата сезона тој не одигра ниеден турнир по Вимблдон, затоа нема поени за бранење и се што ќе освои до крајот на годинава ќе биде само чист плус.

Покрај него, напредуваше и Кевин Андерсон, поразениот во финалето, кој сега го ужива најдобриот рејтинг во својата кариера, на петтото место. Затоа Марин Чилиќ падна до седмото, а Доминик Тим до деветтото. На врвот Надал и понатаму води, сега со уште поголема предност во однос на Роџер Федерер, кој загуби поени, заедно со титулата на Вимблдон.

Кај жените, и понатаму Симона Халеп и Каролине Возњацки се број еден и два. Трета сега е Слоун Стивенс, а со скок од шест позиции четврта дојде победничката на Вимблдон, Анџелик Кербер. Нејзината противничка, Серена Вилијамс, на турнирот влезе како 181. на светот, па со поените што ги освои скокна дури 153 позиции и сега е на 28.

 

АТП ТОП-10

1. Рафаел Надал              9.310

2. Роџер Федерер           7.080

3. Александар Зверев   5.665

4. Хуан Мартин Дел Потро         5.396

5. Кевин Андерсон         4.655

6. Григор Димитров       4.610

7. Марин Чилиќ               3.905

8. Џон Иснер                    3.720

9. Доминик Тим              3.665

10. Новак Ѓоковиќ          3.355

 

ВТА ТОП-10

1. Симона Халеп             7.571

2. Каролине Возњацки 6.740

3. Слоун Стивенс            5.463

4. Анџелик Кербер         5.305

5. Елина Свитолина       5.020

6. Каролин Гарсија         4.730

7. Гарбиње Мугуруса     4.620

8. Петра Квитова            4.550

9. Каролина Плишкова 4.485

10. Јулија Гергес              3.980