Ѓоковиќ загуби во Синсинати, па уште еднаш покажа зошто е толку - голем!

Новак Ѓоковиќ нема да игра во финалето од мастерс-турнирот во Синсинати, откако синоќа загуби во полуфиналната пресметка со Данил Медведев со 1-2 во сетови, но по мечот кој знае по кој пат покажа зошто е толку голем.

Србинот испрати куп комплименти на сметка на противникот и на неговата игра.

„Мислам дека одиграв добро, иако по брејкот во третиот сет можеби требаше да бидам за нијанса подобар. Но, кога некој ви сервира со 206 километри на час и тоа со втор сервис, а притоа не прави двојни сервис грешки и агресивно влегува во секој удар, тогаш тешко може да победите. Треба да му симнете капа на Медведев и да му честитате бидејќи одигра неверојатен тенис. Секоја чест, одигра со голема самодоверба. Кога некој игра со толкава самодоверба очекувано да ги си дозволи сите тие удари. Ја заслужи оваа победа“, изјави Ѓоковиќ.