Ѓоковиќ има големо срце: Ноле учеше деца како се игра тенис (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ повторно покажа дека има големо срце. На социјалните мрежи беше објавена снимка на која може да се забележи како Србинот го шета своето куче, а потоа забележа деца со тениски рекет во раце, па реши да им одржи краток час по тенис.

Српскиот тенисер им објаснуваше на децата како се изведуваат основните удари во тенисот, а тоа предизвика воодушевување кај фановите, иако имаше и такви кои го критикуваа поради друга тема, односно затоа што не носел маска за заштита од ковид-19.