Ѓоковиќ и Алкараз се сретнаа на Вимблдон (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ во текот на вчерашниот ден пристигна во Лондон за подобро да се подготви за претсојниот Вимблдон, а еден ден подоцна се сретна и со својот голем ривал Карлос Алкараз.

Двајцата минатогодишни финалист се ретнаа во рамките од тенискиот комплекс непосредно пред почетокот на турнирот. Србинот и Шпанецот меѓусебно срдечно се поздравија и се прегрнаа, а потоа и со членовите на тимот.

„Познат поздрав, една година по финалето на машкиот сингл“, стоеше над видеото објавено на профилот на Вимблдон на платформата „X“.

Ѓоковиќ и покрај бројните шпекулации дека може да го пропушти Вимблдон бидејќи пред само три недели го оперираше коленото отпатува на Островот и ги започна припремите. Сепак, треба да се знае дека Ѓоковиќ се уште официјално не одлучил дали ќе настапи, турнирот се игра од 1. до 14. јули.