Суперкомпјутерот пресмета кој е фаворит за освојување на ЕП

Суперкомпјутеорт на статистичката платформа Опта направи нови пресметки пред утрешниот почеток на осминафиналето на Европското првенство и ги пресметка шансите за пласман во четвртфиналето, но и за освојување на турнирот.

Така според него поголеми шанси за место во четвртфиналето се даваат на: Шпанија, Англија, Португалија и Германија, додека помали на нивните противници Грузија, Словачка, Словенија и Данска.

Во пресметката за подоцна во финалето суперкомпјутерот ги гледа репрезентациите на Англија и Шпанија.

Изненадување е што Англија по неубедливите настапи во групата се уште се смета за еден од поголемите фаворити. Шансите на „Гордиот Албион“ се 38.1% за влез во финале, а 20% за освојување на првенството.

Шпанија има 27.1% за влез во финале и 17.2 за освојување на турнирот.