Спалети има проблеми со одбраната пред утрешното осминафинале

Утре од 18:00 часот со натпреварот помеѓу Италија и Швајцарија стартува нокаут фазата на Европското првенство во Германија.

На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар селекторот на Италијанците, Лучијано Спалети потврди дека „Аѕурите“ се соочуваат со проблеми во составувањето на одбраната.

Фудбалерот на Болоња, Калифиори кој најмногу покажа од италијанските фудбалери во одбраната е суспендиран, Димарко сигурно нема да може да помогне, а и Бастони е неизвесен.

„Тоа е она што го имаме на располагање. Калифиори нема да може да ни помогне, за Бастони се надевам дека ќе го имаме на располагање, чекаме да видиме што ќе кажат докторите. Димарко има проблем и дефинитивно е аут“, изјави Спалети.

Италијанските медиуми најавуваат дека Манчини од Рома ќе го замени Калифиори, додека Камбијасо од редовите на Јувентус ќе настапи на левата бековска позиција на местото на Димарко.