Фоњини за повредата на Надал: Луѓе, не верувајте на сè што ќе прочитате!

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини е еден од играчите кои не му верува на Рафаел Надал дека бил повреден во текот на мечот против Тејлор Фриц во четвртфиналето на Вимблдон.

Шпанецот на теренот помина четири ипол часа, а во вториот сет зема медицински тајм-аут за потоа да слави против Американецот.

„Луѓе, прекинете да верувате во сè што ќе прочитате“, напиша Италијанецот.